Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Падна владата на Холандија: Десничарски лидер излезе од владејачката коалиција поради расправија за азил

Лидерот на холандската Партија на слободата, Герт Вилдерс, се повлече од владината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на холандската Партија на слободата, Герт Вилдерс, се повлече од владината коалиција, со што ја урна владата во Холандија. Ова го соопштија лидерите на останатите коалициски партии по кратка консултација со Вилдерс.

„Нема потпис за нашите планови за азил. Нема корекција на рамковниот договор. Партијата на слободата ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалната мрежа Икс.

Иднината на десничарската влада, предводена од независниот премиер Дик Схоф, беше неизвесна уште по итниот состанок на лидерите на коалицијата во понеделникот вечерта кога се разговараше за политиката за азил. Тогаш Вилдерс изрази песимизам за опстанокот на коалицијата, која е на власт помалку од една година.