Реклама
Прилози

Кој е фатен со рачињата во медот? „Вреди“ обвинува дека Арсовска одработува за „ДУИ“

Нечист град, катастрофален јавен превоз ,револтирани граѓани.  „Модерно Скопје“ како што ветуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нечист град, катастрофален јавен превоз ,револтирани граѓани.  „Модерно Скопје“ како што ветуваше Арсовска остана само на хартија. Градоначалничката која целиот мандат топката за нереализираните проекти ја префрлаше кај други, на пет месеци пред избори се обидува да го сврти фокусот кон себе. За нов мандат нема да трча, па оттука и дилемата зошто сега театрално реши да лоцира дивоградби и тоа само во општина Чаир.

Се погласно се зборува во јавноста, а како што тврдат и чаирскиот градоначалник Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити е дека  Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“ .

Од Вреди посочуваат на шема во која се вплеткани градоначалничката Арсовска, функционери од ДУИ и Левица за делење тендери „под ракав“ во јавното претпријатие Комунална хигиена.  Од таму тврдат дека бил потпишан договор со Валон Беџети, син на пратеникот од ДУИ Блерим Беџети за давање совети за заштита на животната средина за фантастични 12 илјади евра, додека Скопските улици се полни со смет… Ова не е единствената злоупотреба, Според ВРЕДИ , се делеле пари на роднини на директорот на ЈП Комунална Хигиена,а вкупната штета била над еден милион и петстотини илјади денари

Реклама

Со еден потпис, парите на скопјани завршуваат на сметка на фамилијата Беџети, додека Скопје тоне во ѓубре и нечистотија.Секако овој директор е поставен од другарката на Блерим Беџети, градоначалничката Данела Арсовска.Секако, ова е коалицијата на ДУИ, Левица и Димитар Апасиев од кој ќар имаат лично тие, а губат граѓаните на Скопје“, велат од Вреди.

По ова, Арсовска се појави со отворено писмо. Сега го обвинува премиерот дека дозволувал да и се закануваат и порача дека нема да се повлече од разобличување на кримниналот.

Ти Мицкоски дозволи Висар Ганиу и Ејуп Адеми на секој можен начин да се обидат да ме заплашат, да ми се закануваат, за да се повлечам од разоткривање на криминалот кој им го фативме во Скопје. Ти Мицкоски дозволи Ганиу да те седне во скут, да го браниш место да го апсиш. Излезе на телевизија нарекувајќи го “господинот” Ганиу, да го застапуваш и се обиде со девалвации, со лични навреди и квалификации дополнително да ги подгрееш нападите кон мене, наместо да ги спречиш. Овие што се обидуваат да се заканат и етнички дека ќе се дестабилизирала државата бидејќи им фатив криминал, уствари дестабилизирани се самите бидејќи сега треба парите за дивоградбите што им ги зимале на луѓето да им ги враќаат“, објави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Додека Арсовска обвинува дека постојано добива закани и никој не презема ништо, од полицијата известија дека постапиле по пријава од градоначалничката поднесена пред два дена .

На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје. Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Арсовска викендов поднесе кривична пријава за наводните злоупотреби од страна на Висар Ганиу откако Обвинителството предходно ја повика да ги достави. Според Арсовска, чаирскиот градоначалник учествувал во коруптивни зделки за издавање градежни дозволи за згради за кои Градот Скопје дал негативно мислење.

Алфа праша во Град Скопје каква е ситуацијата во другите општини и зошто таму не се лоцираат дивоградби, како и до каде е реализацијата на проектите од програмата, но до емитување на овој прилог одговор не добивме.