Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Марта Кос се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија: Проширувањето е многу повеќе од само проширување

Еврокомесарката за проширување Марта Кос се нуди да посредува меѓу Македонија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврокомесарката за проширување Марта Кос се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, со цел деблокирање на европскиот пат на државава. Таа потенцираше и дека Европската комисија разгледува начини за поедноставување на процедурите за пристап во ЕУ, со цел да се избегне ризикот билатералните спорови да го забават процесот.

-Бугарија и Северна Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение за ова билатерално прашање и јас стојам на располагање како олеснувач ако е потребно. За мене проширувањето е многу повеќе од само проширување. Туку станува збор за обединување на Европа. Тоа не е само морална неопходност, туку јасен услов за посилна и побезбедна Европа. Проширувањето во овој контекст оди подалеку од традиционалниот поглед и станува средство за обединување на Европа околу заеднички вредности и принципи, изјави Кос.

Во меѓувреме, Европскиот Парламент треба гласа за извештајот за напредокот на Македонија, со кој со официјален документ ќе се зацементира постоењето на македонскиот идентитет и јазик. Сепак амандмани на овој текст поднесоа бугарските европратеници кои бараат да стои „сегашна“ нација. Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова смета вакво нешто е навредливо за државава и спротивно на европските вредности.

Реклама

-Искрено не очекував во 21-от век во Европскиот Парламент да прочитам или да слушнам некои амандмани, замислете во 21-от век да оспорувате нечиј идентитет, тоа е непознат феномен. Тоа е нешто шокантном, изјави Сиљановска- Давкова.

Сиљановска – Давкова очекува дека извештајот ќе биде поддржан од европратениците.

-Очекувам значи да биде поддржана, зошто во спротивно, зошто во спротивно тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на Европпскиот Парламент, изјави Сиљановска- Давкова.

Поддршка од европратениците очекува и премиерот Христијан Мицкоски. Вели повеќе владини функционери веќе разговарале со цел изгласување на извештајот.

Во период кога македонскиот идентет и јазик се оспорувани од Бугарија, извстувачот во Европскиот Парламент, Томас Вајц јасно изрази поддршка, велејќи дека Македонците се Македонци, а македонскиот јазик е македонски. Побара конструктивност и поддршка од европратениците за извештајот за напредокот на земјава, за што се очекува да се расправа оваа недела во Брисел.

Очигледно, изненадена од острата реторика на македонските власти, Бугарија пред неколку дена донесе Декларација во Парламентот со која се повикува Македонија да ги исполни условите прифатени со францускиот предлог пред три години. За владата уставни измени се можни само со одложено дејство, кога ќе добиеме гаранции дека Бугарија веќе нема да го блокира патот до полноправно члество, поради билатерални прашања.

Матеја Петровски

https://youtu.be/NSAFq9lCwqw