Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Македонско судство – Пасош за осомничен милионер, дисциплинска за затвореник со стентови

Некој наместо во притвор, со депозит од 2 милиони евра, на матура…

Сподели:

Некој наместо во притвор, со депозит од 2 милиони евра, на матура во Истанбул, а некој и да заврши на операција за време на слободен викенд од затвор, доби тортура и дисциплинска. Во македонското судство често може да се видат примери, како оние со подлабоки џебови, во судирот со законот, поминуваат многу полесно.

Асмир Јахоски е меѓу осомничените за злоупотреба на 167 милиони евра државни пари за набавка на мазут, сепак има времен пасош за да слави матура на Босфор додека осуденикот од 27 април Александар Јаневски Тошта му вршеа тортура и го казнуваа зошто за време на слободен викенд, заврши на операција. И по три стента на срцето, Јаневски Тошта со месеци затворските власти не го носеа на контрола. Семејството на Јаневска минатата година во март, стравуваше за неговиот живот. .

Инаку, времениот пасош на бизнисменот и газда на Пуцко Петрол предизвика лавина од негативни реакции во јавноста. Иако, Асмир Јахоски благодарение на апелациските судии и вишите обвиители ќе може да патува во наредните шест месеци, сепак медиумите побараат одговори од Тошковски, зошто МВР го издало пасошот. Министерот е дециден. МВР мора да постапува согласно судските одлуки.

Реклама

Одвладејачката ВМРО ДПМНЕ бараат од надлежните да постапат, а Судскиот соевт да го разреши судијата што му даде пасош на Јахоски.

Ова е само уште еден пример во низата скандалозни судски одлуки. Македонкото судство години наназад е на колена, а довербата на граѓаните изнесува минимални 2 %. Европската комисија во сите годишни извештаи забележува слабости и корупција во судскиот систем.

ДО крајот на јуни се очекува да бидат изгласани пакетот закони за реформи на правосудниот систем коишто го подготви Министерството за правда. Во измените на Законот за судскиот совет имплементирани се забелешките на Оценската мисија на ЕУ која влезе во советот по скандалозното однесување на неговите членови.

https://youtu.be/zi7xaa9uFEY