Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

По повеќе од две децении бегство „падна“ командант Бреза

По повеќе од две децении бегство полицијата го уапси Хамди Бајрамовски, познат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од две децении бегство полицијата го уапси Хамди Бајрамовски, познат на јавноста како командант Бреза. Од МВР велат дека 43-годишниот Бреза бил лоциран на 2 јуни на подрачјето Гази Баба по што веднаш бил приведен. Против него имало неколку активни потерници за вкупна затворска казна од 11 години – пет години за кривично дело разбојништво и уште шест години за неовластено производство и трговија со дрога.

„Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, велат од МВР.

По приведувањето, веднаш бил спроведен во затворот во Шутка, каде ќе започне со издржување на казната. Бреза со години се наоѓаше на листата на најбарани лица и против него беше распишана меѓународна потерница за низа тешки кривични дела.

Реклама

Неговото име на јавноста и стана познато во 2005 година, кога при претрес во неговиот дом во скопското село Брест, беа пронајдени огромна количина оружје, минофрлачи, гранати, униформи и над 300.000 куршуми. Полицијата тогаш не успеа да го најде Бреза, но ги приведе неговиот татко и брат. Пред истражните органи тие признаа дека оружјето е на Бреза, а полициската акција следеше по апсењето на криминалецот Сулејман Цури, кој на полицијата им ја посочил локацијата на скриеното оружје.

Дополнително, Бајрамовски се поврзува и со други тешки кривични дела, вклучувајќи незаконско оружје, насилство и нарушување на јавниот ред и мир, за кои се водат активни истраги.