Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Завршија вторите преговори меѓу Русија и Украина, договорено е размена на заробеници

Втората рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, што се одржа денес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втората рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, што се одржа денес во Истанбул, заврши помалку од еден час по почетокот, соопштија турски претставници, еден ден по големиот напад со беспилотни летала на Украина врз руските воздухопловни сили и стратешки бомбардери.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави по разговорите во Истанбул со руските преговарачи дека страните се согласиле за размена на заробеници, која ќе се фокусира на тешко повредените и оние под 25 години.

Во разговор со новинарите во Истанбул, Умеров, кој беше главен украински преговарач, рече дека како дел од размената, ќе бидат репатрирани и остатоците на паднатите војници.
Заменик-министерот за надворешни работи на Украина изјави дека Русија сè уште ја отфрла понудата за безусловно примирје.

Реклама

Како прв чекор, Киев побара безусловно 30-дневно примирје, а Москва го поврза прекинот на огнот со услови како што се воздржување на западните земји од испорака на оружје на Украина.
Разговорите, втор ваков директен контакт меѓу двете страни од 2022 година, започнаа речиси два часа подоцна од планираното, без да се даде објаснување за доцнењето.