Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Прилози

Завршија вторите преговори меѓу Русија и Украина

Втора рунда преговори меѓу Киев и Москва за прекин на огнот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втора рунда преговори меѓу Киев и Москва за прекин на огнот во Украина. Истанбул по втор пат е домаќин, а на заедничка маса седнаа двете делегации, содржината на разговорот во јавноста не е познат. Поддршката од САД во разговорите е од голема важност, потенцираше министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан како дел од турската делегација.

„На денешниот состанок, имаме за цел да продолжиме со евалуацијата на условите и перспективите на прекинот на огнот меѓу двете земји. Во исто време, имаме за цел да го однесеме процесот на размена на воени заробеници чекор понапред со хуманитарни размислувања. Исто така, планираме да се осврнеме на потребните подготовки за состанокот на лидерите. Редовните состаноци се сметаат за вредни за воспоставување доверба меѓу страните“ вели Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Турција

Украинскиот претседател Володомир Зеленски вели дека Украина и Русија работат на нова размена на затвореници и дека на рускиот претседател не смее да му се прости воената инвазија.

Реклама

„Клучот за траен мир е јасен, агресорот не смее да добие никаква награда за војна. Путин не смее да добие ништо што би ја оправдало неговата агресија. Секоја награда само би му обезбедила дека војната ќе се исплати“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп не знае дали ќе го поддржи предложениот закон за воведување царини од 500 проценти за земјите што купуваат нафта од Русија.

„Претседателе Трамп, дали го поддржувате законот на Линдзи Греам Блументал со кој ќе се воведат санкции врз Русија?“ го праша новинар американскиот претседател Доналд Трамп

„Не знам, морам да го видам. Ќе го разгледам“ одговори Трамп

Делегацијата на Украина е предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров, а пак руската делегација од помошникот на претседателот Путин, Владимир Медински. Претходно, на последните директни преговори Москва настапи со нови територијални барања кон Киев, што според украинските извори, за делегацијата од Украина не биле прифатливи.

Давид Крстевски