Започнаа вторите мировни преговори меѓу Москва и Киев за прекин на огнот во Украина. Истанбул повторно е домаќин, на иста маса седнаа делегации на Украина и Русија. Двете страни ги презентираат своите барања и услови за евентуален мировен договор. Украинската делегација ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров, додека пак руската државниот помошник на претседателот Путин, Владимир Медински. Украина е подготвена да преземе неопходни чекори за мир, порача украинскиот претседател Зеленски од самитот на лидерите на источниот крилен дел на НАТО во Вилнус.
„Ако Русија ја поткопа дури и оваа почетна агенда и ако состанокот во Истанбул не донесе ништо, тоа јасно значи дека се итно, итно потребни силни нови санкции од 18-тиот пакет на ЕУ и од Соединетите Американски Држави, поточно најсилните санкции што ги вети претседателот Трамп. Санкциите треба да ја погодат руската енергија, особено нафтата и танкерите, секако, ограничувањата на цените, а исто така и руските банки и финансискиот сектор во целина“ изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина
Украинскиот претседател на самитот потенцираше дека нови санкции против Русија се „итно потребни“ доколку нема напредок од разговорите меѓу двете страни во Истанбул. Американскиот претседател Доналд Трамп не знае дали ќе го поддржи предложениот законот за воведување царини од 500 проценти за земјите што купуваат нафта од Русија.

„Претседателе Трамп, дали го поддржувате законот на Линдзи Греам Блументал со кој ќе се воведат санкции врз Русија?“ го праша новинарот американскиот претседател
„Не знам, морам да го видам. Ќе го разгледам“ одговори Доналд Трамп, претседатле на САД
Претходно, на последните директни преговори Москва настапи со нови територијални барања кон Киев, што според украинските извори, за делегацијата од Украина не биле прифатливи.
Давид Крстевски
