Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Како со безбедност во радиотерапијата за пациентите и медицинсите

Во организација на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО), а со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО), а со значајна поддршка од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Европското здружение за радиотерапија и онколошка грижа (ESTRO) и Дирекцијата за Радијациона Сигурност, денеска се одржува важен едукативен настан посветен на мерките за безбедност во радиотерапијата.

Настанот го отворија со поздравни говори РТТ Ведрит Ибушоски, директорот на УКРО, проф. д-р Игор Стојковски, како и продеканот на Медицинскиот факултет, проф. Рубенс Јовановиќ. Овие поздравни говори ја потенцираа важноста од континуирана едукација и усовршување на кадарот кој работи во областа на радиотерапијата, со цел да се обезбеди највисок стандард на безбедност и квалитет на третманот за пациентите.

Програма и содржини во рамки на настанот се одржаа сесии под наслов „Train the trainers“, кои се фокусираат на клучни теми како што се:

Реклама

Радиолошка заштита: Принципи и практики за минимизирање на изложеноста на пациентите, персоналот и околината на штетно зрачење, согласно најновите препораки на ICRP (Меѓународна комисија за радиолошка заштита).

Управување со радиоактивен отпад: Безбедни методи за собирање, складирање и отстранување на радиоактивни материјали, со цел да се спречат еколошки и здравствени ризици.

Национални и меѓународни регулативи: Анализа на законските рамки и стандарди кои ги регулираат радиотерапевтските практики, вклучувајќи ги упатствата од IAEA и европските регулативи.

Мониторинг и пријавување инциденти: Процедури за рано откривање, евидентирање и управување со инциденти поврзани со радијација, со цел да се обезбеди брза реакција и превенција на повторување.

Експертски тим и значење

Предавачи на настанот се високо квалификувани експерти од областа на радиотерапија и онкологија, дирекцијата за радијациона сигурност, медицинска физика. Тие ги споделуваат најновите научни сознанија, практични искуства и регулаторни барања, со што придонесуваат за подигнување на стручниот капацитет на лицата што се во оваа област.

Овој настан е од исклучително значење за унапредување на безбедносните протоколи во радиотерапијата, која е клучен сегмент во третманот на онколошките заболувања. Со имплементација на современи мерки за радиолошка заштита и строго почитување на регулативите, се овозможува не само ефикасна терапија, туку и максимална заштита на здравјето на пациентите и здравствените работници.