Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Јаневска присуствуваше на промоција на нова генерација дипломирани студенти на Меѓународниот балкански универзитет

Ова е радосен ден за сите нас, а најмногу за овие млади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е радосен ден за сите нас, а најмногу за овие млади луѓе кои по неколкугодишна заложба стигнуваат до универзитетска диплома. Веќе знаат дека посветеноста и истрајноста даваат добри резултати и им посакувам со исто толкава одлучност и дисциплина да продолжат и да се вклучат на пазарот на труд или да го продолжат високото образование во нареден степен, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска на свечената церемонија на дипломирање на Меѓународниот балкански универзитет и Собирот на алумни, со дипломци од изминатите години.

Овие млади треба да зачекорат во свет кој брзо се менува и бара брза прилагодливост на новините како и доживотна посветеност на учење, а министерката Јаневска им кажа дека имаат добра подготовка затоа што Меѓународниот балкански универзитет како високообразовна институција многу вложува во модернизација на наставните програми, опремата, интегрирање на најнови технолошки алатки во образованието, проширување на можностите за истражување и во поттикнување партнерства со реномирани универзитети.

„И оваа генерација дипломци се вклучува во заедницата на алумни на Универзитетот. Комуникацијата што ја одржувате со претходно дипломираните студенти е многу значајна, затоа што овозможува размена на искуства, менторство, можности за вмрежување и на тукушто дипломираните студенти им дава информации кои може да им бидат од голема помош“, посочи Јаневска.

Реклама

Честитајќи им на дипломираните студенти, министерката рече дека тоа се идните лидери, претприемачи и креатори на промени, кои треба да ги прифаќаат предизвиците на 21 век и да градат подобро општество за сите нас.