Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

СПМ го отфрла барањето со само 50 собрани потписи да се кандидираат независните листи на следните локални избори

Социјалистичката партија на Македонија го смета за апсолутно несериозно и го отфрла…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Македонија го смета за апсолутно несериозно и го отфрла барањето со само педесетина собрани потписи да може да се кандидираат независните листи на следните локални избори.

СПМ смета дека воопшто не е битен посочениот, наводен европски тренд и европските стандарди со кои што наводно се отвора можноста за демократијата, а не се затвора.

Во услови кога домашните активисти се повикуваат на европската демократија, нејзините експоненти наводно избрани на овој начин, повторно газат врз Македонија и македонското достоинство и ги одбиваат македонските ставови.

Реклама

Истите овие активисти кои упорно се повикуваат на владеење на правото не ги почитуваат ниту одлуките на Уставниот суд, земајќи си слобода за нивно толкување според потребите на граѓански ткн.здруженија чии последици од претходното колоритно делување сеуште се свежи кај македонската јавност, а судски сеуште несакционирани.

Социјалистичката партија на Македонија ја цени важноста на моментумот и повикува на внатрешното единство и градење кохезија околу македонските стратегиски интереси и цели која е потребно да се воспостави меѓу политичките партии, но и меѓу сите граѓани.

Оттаму овакви приземни барања за задоволување на амбициите на нереализирани личности се неприфатливи и несоодветни во овој момент.

Воедно, СПМ смета дека на Македонија и е потребна внатрешна политичка стабилност и изборни услови за реално канализирање на избирачката волја, а не деструкција и обиди за создавање хаос во изборната постапка од која македонскиот народ и граѓани ќе имаат најголема загуба.