Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Мицкоски-Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr.

Мицкоски на Фејсбук објави дека разговорот бил фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.

– Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер. Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика, наведува во објавата претседателот на македонската Влада.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта присуствува на СРАС конференција (The Conservative Political Action Conference) која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативните партии во светот.