Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Прва микробранова аблација на тироидна жлезда во ГОБ „8 Септември“ – нов чекор напред во македонското јавно здравство

Денес, на 30 мај 2025 година, со особена гордост ја информирам јавноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, на 30 мај 2025 година, со особена гордост ја информирам јавноста дека во ГОБ „8 Септември“ – Скопје за првпат е изведена микробранова аблација (MWA) на тироидна жлезда, процедура од областа на интервентната радиологија што претставува значаен напредок во третманот на тироидни заболувања во нашата земја.

Интервенцијата беше спроведена од страна на стручен тим од одделот за интервентна радиологија, под прокторство на реномираниот проф. Булент Чекич од Анталија, Турција. На овој значаен чекор му претходеше специјализирана обука и работилница, со што се обезбеди највисок стандард на изведба и безбедност за пациентите.

Микробрановата аблација е современа, минимално инвазивна метода со бројни предности:

Реклама
  • Без хирургија: Не бара општа анестезија и не остава постоперативни лузни.
  • Брзо закрепнување: Се изведува во рамки на дневна болница, а пациентите заминуваат дома по само неколку часа.
  • Зачувување на тироидната функција: Се третира само заболениот дел од жлездата, што значително ја намалува потребата од доживотна хормонска терапија.

Оваа метода, заедно со веќе применуваната етанолска аблација, сега е дел од палетата на минимално инвазивни процедури во ГОБ „8 Септември“ и ќе придонесе за подобро управување со тироидните нодули – проблем кој има висока преваленца во македонската популација.

Како директор на Фондот за здравствено осигурување, упатувам срдечни честитки до стручниот тим на ГОБ „8 Септември“ за нивната посветеност, стручност и иницијатива. Воведувањето на MWA технологијата е чекор напред кон ефикасен, модерен и хуман здравствен систем кој е во служба на граѓаните.