Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Собранието го ограничи изборот на членовите на Советот на експерти во МАПАС на два мандати

Собранието денеска во рамки на 52. седница го усвои Предлог-законот за изменување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска во рамки на 52. седница го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка. Меѓудругото, со овие измени се доуредува изборот на членови во Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

-Претседателот и четворицата членови на Советот на експерти на Агенцијата ги именува и разрешува Собранието на Македонија на предлог на Владата на Македонија. Со оглед дека мандатот на членовите на Советот на експерти е пет години, со можност за реизбор, се јави потребата од допрецизирање на оваа одредба во смисла дека мандатот на претседателот и членовите на Советот на експерти изнесува пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два последователни мандати, стои во образложението на законот.

На донесувањето на овие измени реагираше пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска, која истакна дека на ваков начин се овозможува ретроактивно дејствување и се нарушува правната сигурност.

Реклама

-Со член 1 од овие измени се менува членот 50 ставот 4, односно се ограничува мандатот на претседателот и на членовите на Советот на ексеперти на Агенцијата кој изнесува пет години, на два последователни избори и тоа е во ред, мислам дека 10 години мандат е доволно за еден функционер да биде на одредена функција. Но, она што е спорно е тоа што овој член 1 е поврзан со член 4 од предлог измените на законот, кој вели дека со денот на влегување во сила на овој закон им престанува мандатот на членовите на Советот на експерти на Агенцијата кои го исполнуваат условот од член 1 од овој закон, рече Тренчевска.

Додаде дека со ова грубо се крши Уставот, односно неговиот член 52 став 4, во кој се вели дека законите и други прописи не можат да имаат повратно дејство, доколку тоа не е поповолно. Со ова, истакна Тренчевска, се создава повратно важење со неповолно дејство и тоа создава правна несигурност.

На ова реплицираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски кој истакна дека членовите кои ги цитира Тренчевска, или не ги разбрала, или и е подметнато законско решение кое не е исто со она што  денеска е на дневен ред на седницата, или пак, како што рече, во најлош случај сака да инсинуира.

-Во членот 1 кој вие го кажавте и го поздравивте се кажува дека едно лица може да биде избрано во Советот на експерти максимум два мандата и вие рековте дека тоа е коректно. Член 4 кој го кажавте и пробавте да направите некои инсинуации се носи бидејќи во Советот на експерти во Агенцијата постои лице кое е избрано четврт мандат по ред. Сега пред некое време повторно доби реизбор. За да се задржи професионалниот интегритет на институцијата го поднесуваме ова законско решение. Не е вистинита информацијата, да не речам е лажна, дека со ова законско решение ќе им престане мандатот на сите членови на Советот на експерти, туку само на дотичниот господин кој малку се има подзаборавено, рече Стојановски.

На дневен ред на оваа седница се и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка, но продолжението на оваа седница ќе биде дополнително закажано.

По прекинот на 52. седница Собранието ја продолжи 41. седница, во чии рамки ги ратификуваа Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, како и Предлог на закон за ратификација на Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство.

И на оваа седница има уште неколку точки на дневен ред, но и нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.