Висок претставник на Хамас за Би-Би-Си изјавил дека палестинската исламитичка вооружена група ќе го одбие најновиот американски предлог за нов прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците.
Белата куќа вчера соопшти дека Израел се согласил со планот на американскиот пратеник Стив Виткоф и дека се чека официјален одговор од Хамас.
Израелските медиуми цитираа израелски официјални лица кои рекоа дека Хамас во две фази ќе предаде 10 живи заложници и тела на 18 мртви заложници во замена за 60-дневен прекин на огнот и ослободување на палестински затвореници од израелските затвори.

Претставникот на Хамас, кој Би-Би-Си не го именуваше, рече дека предлогот не ги задоволува клучните барања, вклучувајќи го и прекинот на војната, и дека ќе одговори во догледно време.
