Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Од 1-ви јуни венчавки во „Порта Македонија“

Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки.

-Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки, информираа од Управата за водење на матични книги.

Соработката, како што информираа оттаму, почнува од 1 јуни и ќе трае до 31 декември годинава со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.

Реклама

-Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје, се вели во соопштението.