Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МО И АРМ: Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус студии на Воената академија

Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година.

Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување.

-Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица кои својата иднина ја гледаат како дел од институцијата со најголема доверба кај граѓаните, идни офицери во македонската Армија, кои имаат завршено (4годишно) средно образование и не се постари од 21 година, да ги достават своите пријави заедно со потребната документацијата наведена во Конкурсот, во деловодството на Воената академија или електронски на следниов меил: [email protected]  најдоцна до 20.06.2025 година, се вели во соопштението.

Реклама

Додека сите заинтересирани кандидати за Конкурсот за втор циклус на студии, можат да се пријават најдоцна до 12.09.2025 година на следните магистерски студиски програми:

-Безбедност и одбрана

-Управување со кризи и заштита и спасување

-Сајбер безбедност и дигитална форензика.

Подетални информации може да се најдат на самите конкурси кои се објавени на веб страната на Воената Академија,

https://ma.edu.mk/competitions/250528-konkurs-za-zapishuvane-studentipitomci-za-potrebite-na-ministerstvoto-za

https://ma.edu.mk/competitions/250528-konkurs-za-zapishuvane-studenti-na-vtor-ciklus-na-studii-na-voenata-akademija, каде што се достапни сите детали во врска во општите услови, критериумите, роковите како и постапката за спроведување на конкурсите во целост.