Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Куновска: Филипче заедно со Чупеска, Шукова и Каранфилова не исполнуваат услови да бидат раководство на СДСМ

Софија Куновска, говореше за причините поради кои што ја напуштила политичката партија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Софија Куновска, говореше за причините поради кои што ја напуштила политичката партија СДСМ, а се осврна и на фактот дека сите актуелни потпретседатели на СДСМ, па дури и претседателот, Венко Филипче, не исполнуваат услови да бидат дел од највисокото раководство на СДСМ.

Куновска објасни дека нејзиното напуштање на СДСМ беше токму поради тоа што започнаа процеси во кои што веќе не постоеше идеологија и беше присутен клиентелизам внатре во партијата, што според неа, подоцна резултираше и со клиентелизам во владата.

„СДСМ не го почитува сопствениот статут. Како од политичка партија која што не го почитува сопствениот статут да очекувате дека ќе почитува било што друго“, вели Куновска.

Реклама

Таа потенцираше дека моменталното раководство, највисокото раководство на СДСМ не ги исполнува статутарните услови да бидат претседател или потпретседатели : ,,Многу убаво е пропишано кој може да биде потпретседател, колку стаж треба да има колку пати треба да биде избиран на централен“

Куновска посочи дека актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, никогаш немал потпишано пристапница во СДСМ:

„Јас ви тврдам дека Венко Филипче никогаш не потпишал пристапница во СДСМ. Венко Филипче беше потписник на контра пленумот, за време на шарената револуција, Венко Филипче беше советник на Нино Тодоров, немојте да ме убедувате дека Нино Тодоров викаше социјалдемократи да му бидат советници“, прецизираше Куновска.

Таа ги посочи и актуелните потпретседатели на партијата и кажа дека ниту тие, исто како лидерот, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик на претседатели на СДСМ:

„Едноставно е. Да не ги набројувам другите. Ана Чупеска, Фани Каранфилова, Каја Шукова, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик претседател на СДСМ. Статутот дури и не можете да го најдете на страницата на СДСМ веќе“, децидна е Куновска.

Таа додаде дека откако Зоран Заев ја презеде функцијата претседател на СДСМ, критичната маса во партијата сосема и не постои:

„Се намали критичната маса која што може да критикува било што заради тоа што начинот на кој што се поставува раководството на СДСМ од Заев наваму е тој што го критикува раководството дека треба да биде исфрлен од играта“.

Куновска на крај заклучи со причината зошто самата ја напуштила партијата: ,,Јас бев човекот кој што не сакав да стојам позади раководството за време на прикажувањето на бомбите ако не знам што има на бомбите. Проверете ги материјалите, мене ме нема на ниту една прес-конференција“.