Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Меџити: Домашните математики на Таравари и Ахмети не излегоа точни на пазарот

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е еден од лидерите во Коалицијата ВЛЕН, смета дека со излегувањето на Арбен Таравари од Владата и од Коалицијата, тој и лидерот на ДУИ Али Ахмети, со кој сакал да соработува, имаат повеќе штета отколку корист. Таравари, истакна Меџити, има во моментов тројца пратеници, двајца остнаа во ВЛЕН, а со тројца-четворица пратеници од Европскиот фронт се разговара да се префрлат во ВЛЕН.

-Математиките на Ахмети и Таравари што ги правеа дома, не излегоа на пазар, туку излегоа поинакви и полоши отколку стартната позиција и во однос на пратеници и на гласачи, рече Меџити.

Според него, Таравари калкулирал затоа што сакал да го задржи Гостивар и да добие поддршка од ДУИ во други општини.

Реклама

-Прво е до калкулација, значи пред се Гостивар да се задржи. Мислам дека сите калкулации со Ахмети ги имаат направено, предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме Таравари од ВЛЕН и од Владата, бидејќи не може во исто време да соработуваш со ДУИ и да бидеш дел од ВЛЕН и од Владата, рече Меџити.

Нагласи дека Таравари се надевал оти ќе остане во Владата до крај, дека ќе ги користи придобивките, а скришно ќе соработува со Ахмети кој би му дал поддршка во 5-6 општини, а тој би ја поддржал ДУИ во Чаир и Тетово или на друго место каде ќе му биде потребно.

Во однос на локалните избори што треба да се одржат наесен, Меџити истакна оти се подготвуваат, дека е избран шеф на изборен штаб на републичко ниво, како и оти се разгледува кои би биле најдобрите кандидати од ВЛЕН. Но, додаде, може да поддржиме и независни кандидати, или кандидати што не се од ВЛЕН ако сметаме дека тие би биле најдобри.