Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Стојаноски: Приоритет ни е да влеземе во ЕУ, но на достоинствен начин

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој посочи дека цврсто се посветени на евроинтеграциите, но сепак влегувањето во ЕУ како полноправна членка да биде на достоинствен начин. Стојаноски порача дека оваа власт е отворена за дијалог и соработка и дека се бори за успех и признавање на Македонија, и дома и на меѓународната сцена.

„Ние на изборите нашиот план соодветно го кажавме и тоа го повторуваме со сите оние со кои што разговараме, дали бил претседателот на Европскиот совет, на Европската комисија. Нас суштински приоритет ни е да влеземе во ЕУ, но на достоинствен начин и со тоа ете според критериумите од Копенхаген, не со билатерализација на одредени проблеми“, вели Стојаноски.

Реклама

Стојаноски нагласи дека Македонија добива пофалби од европски лидери за реформите и успешната имплементација на Планот за раст, но додаде дека и покрај меѓународната поддршка, постојат внатрешни пречки што ја кочат државата.

„Тоа што го кажа денеска Рокас, почитуваниот евроамбасадор, кажа дека има инцијатива и дипломатска офанзива. Устишување на нашите аргументи кои што се само во насока на почитување на тоа човеково основно право на самоопределување. Мислам дека од аспект на другите реформи кои што сега ние можеме да ги правиме, и господинот Кошта и Каја Калас кажа дека ние сме сосема одлични во испорачувањето на проекти за Планот за раст. Госпоѓата Марта Kос нè нарече шампиони во Западен Балкан, за ете носење на законските решенија, имплементирањето на реформи и повлекување на тие средства, но сите знаеме тука и граѓаните што не спречува нас и што доведе да нас не спречува“, кажа Стојаноски.

Стојаноски порача дека се отворени за комуникација при носење суштински одлуки и дека сакаат победа и признание и дома и на меѓународна сцена:

„Ние сме отворени за комуникација, секогаш кога треба да се донесе нешто суштински. Ние сакаме да победуваме и во Македонија, но и во Лондон, во Париз и во Брисел и во Вашингтон“, заклучи Стојаноски.