Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени

Најмалку 50 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во „ужасен“ инцидент…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 50 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во „ужасен“ инцидент во Ливерпул, откако автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на фудбалскиот клуб Ливерпул.

Според снимките од местото на настанот, црн автомобил со голема брзина се забил во толпата навивачи, оставајќи зад себе хаос и паника. Полицијата потврди дека лицето е уапсено и дека е во тек кривична истрага. Полицијата соопшти дека настанот, кој се случи на државен празник, не се третира како терористички чин и најверојатно е изолиран случај. „Овие сцени во Ливерпул се ужасни – моите мисли се со сите повредени и засегнати“, порача британскиот премиер Киер Стармер. Поранешни фудбалери на Ливерпул изразија шок и сочувство, а Премиер лигата објави дека е „згрозена од настанот и ги поддржува сите повредени и нивните семејства“.