Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Сиљановскa-Давкова за концертот на Симон Трпчески: Уште една потврда за моќта на културната дипломатија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на концертот на пијанистот Симон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на концертот на пијанистот Симон Трпчески во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека никој нема да ја заборави таа вечер и дека тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија.

-Без зборови сум, прво амбиентот на ‘Хорти Салустијани’ е прекрасен, а да не говорам за Симон Трпчески и неговата група. Се разбира дека покрај Чајковски и Григ, настапија и со ‘Македонисимо’. Мислам дека без здив останаа сите присутни екселенции од амбасадите, претставници на нашата дијаспора не само во Италија, туку и од други држави, рече Сиљановска – Давкова.

Според неа, „концерот беше за восхит, заедничко уживање“.

Реклама

-Мислам дека никој нема да ја заборави оваа вечер, тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија, додаде Сиљановска – Давкова.

Таа посочи дека Италијаните се префинети кога е музиката во прашање, дека имаат вкус и строги критериуми, но смета дека после ова што го слушнаа „односот кон македонската култура ќе биде сменет“.

-А, јас повторно велам дека верувам дека покрај традиционалната дипломатија, културната дипломатија е нашето најмоќно оружје, истакна претседателката Гордана Силјановска – Давкова.

Во рамки на посетата на Рим по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, таа вчера положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Сиљановска – Давкова и делегацијата го посетија и гробот на папата Франциск.

Македонската делегација во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, со кој чиноначалствуваа митрополитот Тетовско-Гостиварски господин Јосиф и епископот Стобиски, господин Јаков, во придружба на повеќе свештенослужители.

Претседателката Силјановска – Давкова утре во Ватикан ќе има аудиенцијата кај новиот папа Лав 14 и средба со кардиналот Пјетро Паролин.

Според програмата, предвидена е и средба со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.