Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички и поданички однос кон СДСМ

За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос кон СДСМ. Наместо да го судат и гонат криминалот и сите засегнати да ги изведат пред лицето на правдата, тие спасуваат од обвиненија или од пресуди луѓе од највисокото раководство на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека после пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време се случија двата немили настани, се спасува од одговорност.

-Скандалот со Онкологија, кога на клиниката се правел криминал од тешки размери по буџетот и здравјето и животот на луѓето, се случува во време кога Филипче е министер за здравство. Со случајот на Онкологија, кога Филипче е министер, Буџетот е оштетен за износ од над 2,2 милијарди денари. Но, Венко Филипче повторно, ни во овој случај, исто како за Модуларната во Тетово, не е вклучен ни во истражна, ниту во судска постапка, односно во кривичното обвинение. Затоа, легитимно го поставуваме прашањето, дали Филипче има некаков договор со поединци од судската или обвинителската фела, да не биде изземен од одговорност и да не биде повикан ниту на разговор? Го повикуваме Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, а не да го изземаат од случаевите настанати во негов министерски мандат. Се ова покажува дека Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои СДСМ со ДУИ ги бираа по партиска директива од Муртино и Зајас, затоа што тој не беше вклучен ниту во процесот за Модуларната, ниту за Стабри вакцините, ниту, пак, за крвавите тендери, се наведува во соопштението на партијата.

Реклама

ЈО мора итно да ја истражи проневерата од 2,2 милијарди денари во Онкологија, немањето терапија за најтешко болните пациенти од рак и набавките на скапи лекови од компанија блиска до Филипче. Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.