Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, во која учествуваа стотици војници и цивили, а размената ќе продолжи и во текот на викендот, соопштија денеска официјални лица од двете земји.

-Ги враќаме нашите луѓе дома, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм и додаде:

„Првиот дел од договорот за размена на 1.000 за 1.000 е имплементиран“.

Реклама

Зеленски рече дека од секоја страна биле разменети по 390 лица – односно вкупно 780 – и дека се очекува размената да продолжи на 24. и 25. мај.

Според руското Министерство за одбрана, ова вклучува 270 воени затвореници и 120 цивили.

Неколку часа претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија „штотуку ја завршиле“ размената, која беше во тек уште од мировните преговори во Истанбул пред една недела, и дека размената „наскоро ќе стапи на сила“.