Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Нова конфронтација во Белата куќа

Повторно конфронтација при официјална државна посета во Белата куќа. За разлика од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно конфронтација при официјална државна посета во Белата куќа. За разлика од украинскиот претседател Зеленски пред три месеци, јужноафриканскиот претседател Рамафоса беше подготвен за тоа. Сирил Рамафоса дојде во Вашингтон за да разговара за инвестиции, царини, трговија со суровини и традицијата на Јужноафриканската Република (ЈАР) во голфот како спорт.

Но, американскиот претседател Доналд Трамп по исклучок не покажа никаков интерес за овие теми и наместо тоа го соочи својот гостин во Белата куќа пред претставниците на медиумите со печатени статии и видео филм кои, според наводите на Трамп, треба да докажат масовно убиство на белото население во Јужноафриканската Република.

Рамафоса остана сериозен, но смирен, учтиво праша од кои извори потекнуваат обвинувањата и посочи на разноликоста на неговата земја и на составот на неговата делегација. Инаку, пред една недела владата на Трамп во експресна постапка им призна статус на бегалци на околу 50 бели јужноафриканци.