Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали бизнис тандемот Филипче- Заев имале акции во индиска авиокомпанија?

Молкот на Венко Филипче е потврда и доказ дека СДСМ и Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Молкот на Венко Филипче е потврда и доказ дека СДСМ и Филипче не ги интересира народот, туку провизиите од висококатниците во Дубаи и сопствените лукративни интереси, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче ја игнорира јавноста, а со тоа покажува дека единствен фокус му е како да дојде до власт за повторно си делат провизии, тендери и да ги шират фамилијарните бизниси. Тендер тандемот Заев-Филипче молчи за потеклото на златните визи за Дубаи. Дали бизнис партнерите Филипче-Заев имале акции во индиска авиокомпанија и од каде им се средствата за градење 50-катница во Дубаи? Како Заев, од просечно земјоделско семејство, стаса до сопствеништво на авиокомпании, и каква е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај? Колкави се трансакциите на Филипче и Заев кон Дубаи и дали се во дигитални валути биткоини? Дали парите за купување милионски акции во авиокомпании и инвестиции во градежништво во Дубаи, им се од скандалозните тендери во здравството или распродажбата на националното достоинство, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче во политиката е за да си ги задоволи сопствените апетити, а не за доброто на народот и државата. СДСМ е синоним за корупција криминал и предавства, додаваат од владејачката партија.