Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

ВИДЕО: Како ќе изгледа Клиниката за гинекологија по најавената инвестиција за реновирање и реконструкција?

Со цел унапредување на здравствените услуги и обезбедување на поквалитетна и побрза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел унапредување на здравствените услуги и обезбедување на поквалитетна и побрза здравствена заштита за пациентките ќе биде реализирана значајна инвестиција на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.

Инвестицијата која ја најавија денес опфаќа комплетно реновирање и реконструкција на просториите како што се чекалните, амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети во износ од 29.000.000 денари, со што ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентките.

Со цел многу поефикасна услуга и намалување на листите на чекање на пациентките за интервенција, Клиниката за гинекологија и акушерство воведува најсовремена микроинвазивна хирургија за гинеколошките операции. За таа цел инвестирани од почетокот на годината на е извршена набавка на современа медицинска опрема во износ од 32.600.000 денари.

Реклама

Сериозни инвестиции ќе бидат направени и во делот за репродуктивна медицина.

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство отсекогаш била лидер и прва ги имплементирала најновите достигнувања во медицината, вклучувајќи ја и репродуктивната медицина.

ИВФ лабораторијата на Универзитетската Клиника по пауза од околу 4 години отпочна со работа во месец ноември 2024, меѓутоа во претходно наведените нестандардни услови и со дел од кадарот кој е без соодветно искуство. По воочување на потребните промени, а за да не се прекине со работниот тек потребно е да се усогласи работењето на лабораторијата со предвидените подобрувања.

Сите планирани чекори за функционирање на најсовремениот државен модерен интегриран ИВФ центар (инфраструктура,опрема и едукација), со потенцијал за дополнителен развој и прераснување и во регионален центар и извор на дополнителни приходи за клиниката ќе изнесуваат 28.200.000.

Со напред наведените инвестиции, значително се подобрува квалитетот на услугите, се намалуваат времето на чекање и се зголемува достапноста до специјалистичка здравствена заштита

Проектот ќе биде реализиран согласно највисоките здравствени стандарди и претставува пример за успешна модернизација на јавниот здравствен сектор.

Како изгледа сега и како ќе изгледа новото руво на клиниката, погледнете во видеото: