Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“

За неколку месеци од сега од Македонија ќе се извезуваат елементи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За неколку месеци од сега од Македонија ќе се извезуваат елементи за бела техника. Стартуваше изградбата на турската Шахтерм во ТИРЗ Скопје. Планот е да се инвестира во 2 фази. Првата фаза предвидува инвестиција од  25 милиони евра и 200 вработувања, а вкупно вредноста треба да достигне 50 милиони и 500 вработувања. Според инвеститорите Македонија со својата стратешка положба и условите кои ги нуди ја прави посакува дестинација за водење бизнис.Ова е прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.

Вакватa инвестиција е доказ дека Македонија ја подобрила бизнис климата и ја враќа довербата на инвеститорите. Потврда за тоа се и бројките: Забележан е раст на индустриското производство, пад на инфлацијата, раст на кредитната активност кај бизнисисте, а лани инвестициите достигнаа рекордни милијарда и двесте илјади евра.

Доаѓањето  на турската компанија во Македонија е и потврда за добрите односи помеѓу Македонија и Турција, и е основа за зголемување на соработката во иднина.   Трговската размена помеѓу двете држави изнесува една милијарда, а заложбите се да се зголеми двојно.

Реклама

Со повеќе од четири децении искуство, „Шахтерм“ е меѓу водечките пет светски компании за производство на системи за греење наменети за бела техника и апарати за домаќинство.

60 отсто од производството турски шахтерм го извезува на пет континенти.  Листата на клиенти на компанијата е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.