Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Прилози

Русија и Украина седнаа на маса – преговорите траеа кратко, барањата на Москва неприфатливи за Киев

Завршија првите директни мировни преговори за прекин на огнот во Украина. Москва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршија првите директни мировни преговори за прекин на огнот во Украина. Москва на разговорите настапиле со нови територијални барања кон Киев, според украински извори тие за делегацијата од Украина биле неприфатливи. Засега не е откриена содржината на преговорите меѓу двете страни.

„Директните преговори со украинската страна, организирани на иницијатива на претседателот на Русија завршија токму сега. Генерално задоволни сме од резултатите и сме подготвени да продолжиме со контактот“ вели Владимир Медински, помошник на рускиот претседател на Владимир Путин

Додека траеа преговорите во Истанбул, претседателот на Украина, Володомир Зеленски замина во Тирана па отаму порача дека претседателот на Русија требал да дојде во Турција и да се соочи со него.

Реклама

„Оваа недела имавме вистинска шанса да преземевме важни чекори кон завршување на оваа војна. Само да не се плашеше Путин да дојде во Турција. Вчера бев во Анкара и благодарам за приемот, претседателе Ердоган, јас бев подготвен за директна средба со Путин, без разлика дали во Анкара или Истанбул и не само за средба, туку и за решевање на сите важни прашања“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Според министерот за надворешни работи на Турција прекинот на огнот во Украина е од суштинско значење затоа што додека руската и украинската делегација преговараат за мир на фронтот има се повеќе жртви.

„Оваа средба е првиот директен контакт меѓу двете страни од март 2022 година. Мора да ја искористиме оваа можност за да напредуваме на патот кон мирот. Секој ден што повеќе доцниме предизвикува губење на повеќе животи“ вели Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Турција

Преговорите за прекин на огнот во Украина започнаа изутрината и траеа неполни два часа. Во меѓувреме украинската делегација во Истанбул се сретна со советници од Велика Британија, Соединетите Држави, Германија и Франција.

Давид Крстевски