Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Прилози

Русија и Украина започнаа мировни преговори во Турција

Започнаа мировните преговори за прекин на огнот во Украина. На заедничка маса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнаа мировните преговори за прекин на огнот во Украина. На заедничка маса седнаа делегации од Вашингтон, Анкара и Киев, а подоцна ќе се приклучи и Москва. Украинскиот тим го предводи министерот за одбрана Рустем Умеров, додека руската страна ја предводи помошникот на Кремљ, Владимир Медински.

„Нашата делегација пристигна во Истанбул по наредба на претседателот Путин за да води директни и билатерални преговори со Украина без предуслови. Веќе одржавме многу плодна средба со шефот на турското Министерство за надворешни работи и ја одбјаснивме нашата позиција“ вели Владимир Медински, помошник на рускиот претседател Владимир Путин

Делегацијата на САД во Истанбул ја предводи директорот за планирање политики, Мајкл Антон. Државниот секретар Марко Рубио нема да присуствува на разговорите откако претходно изјави дека нема големи очекувања додека не се сретнат Трамп и Путин.

Реклама

„Нашата цел тука е да постигнеме мир, без разлика дали тоа започнува со 30 дневен прекин на огнот или еднодневен или конечен договор што се преговара за еден ден. Процесот за нас е помалку важен од исходот. И резултатот не треба да биде само обичен мир, туку одржлив и траен. Тоа е нашата цел“ вели Марко Рубио, државен секретар на САД

Украинскиот претседател Володомир Зеленски по средбата со својот колега Реџеп Таип Ердоган, замина од Турција. Тој испрати тим во Истанбул за првите директни мировни преговори со Русија по три години, но нема големи очекувања за пробив.

„Двете страни мора да ја покажат својата подготвеност за преговори. Верувам дека првиот човек треба да биде безусловно примирје. Ако денес може да се постигне безусловно примирје на ниво на технички групи, без лидери, тогаш во ред, нема потреба од средба“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Утрово во Истанбул, украинската делегација се сретна со советници од Велика Британија, САД, Германија и Франција.

Давид Крстевски