Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Прилози

Светот е во исчекување за мировните преговори од страна на Украина и Русија

Додека светот е во исчекување за мировните преговори од страна на Украина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека светот е во исчекување за мировните преговори од страна на Украина и Русија за ставање на крај на војната, украинскиот претседател Володомир Зеленски оствари средба со својот колега Реџеп Таип Ердоган во Анкара. Зеленски откри кои функционери ја сочинуваат делегацијата од Украина и потврди дека на преговорите кои сепак ќе се случеле утре на преговарачката маса ќе бидат и делегации на САД и Турција.

„Ќе размислиме што ќе правиме, какви ќе бидат нашите чекори по разговорот со претседателот Ердоган. Мислам дека ќе имаме неколку часа за важен разговор, многу важни одлуки. Мора да разбереме на кое ниво е руската делегација, каков мандат имаат. Дали се способни сами да донесат барем нешто“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека целата ситуација околу мировните преговори кои ќе се случат во Истанбул се интригантни, велејќи дека никој не очекува лесен процес.

Реклама

„На почетокот Зеленски даде некакви изјави со кои бараше Путин да дојде лично. Па, патетична личност, тоа е очигледно за сите, освен можеби нему и на оние што го користат како марионета. Потоа постарите другари му објаснија дека не треба да се однесува толку глупаво и дека преговорите се неопходни“ вели Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп пред новинарите изјави дека ништо нема да се случи се додека тој не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, во ред? И очигледно – тој не планираше да оди. Сакаше да оди, но мислеше дека јас ќе бидам таму. Тој нема да оди ако не сум и јас таму и не верувам дека нешто ќе се случи, без разлика дали ви се допаѓа или не, додека јас и тој не се сретнеме. Но, ќе мора да го решиме тоа бидејќи премногу луѓе умираат“ вели Доналд Трамп, претседател на САД

Претходно руска и украинска делегација се најдоа на преговарачка маса во Џеда, Саудиска Арабија каде изнајдоа делумно решение за прекин на огнот во времетраење од 30 дена.

Давид Крстевски