Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

ЕУ одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон руската „флота во сенка“ и компании од Србија

Европската унија одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон нејзината „флота…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската унија одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон нејзината „флота во сенка“ која ја заобиколува забраната за извоз на нафта, а во исто време се заканува со дополнителни мерки доколку Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина, пишува Франс прес. Ова е 17-ти пакет санкции на ЕУ откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година.

Пакетот беше во подготовка дури и пред европските лидери да издадат ново предупредување до Москва како дел од мировните иницијативи предводени од САД. Пакетот, кој формално ќе биде усвоен во вторник, вклучува ставање на црната листа на 200 танкери со нафта што се користат за заобиколување на санкциите за извозот на руската нафта.

Со санкциите ќе бидат опфатени и компании од земји како Виетнам, Србија и Турција кои се осомничени дека ја снабдуваат руската војска. Десетици руски функционери ќе бидат додадени на списокот на санкционирани, придружувајќи им се на речиси 2.400 поединци и организации кои веќе се предмет на забрана за патување од ЕУ и замрзнување на имот.

Реклама

Санкциите важат и за лица одговорни за сајбер напади, кршење на човековите права и саботажа на територијата на Европа.