СДСМ и Филипче на различна фрекфенција, како се стекнал Филипче со златна виза? СДСМ и Филипче имаат различни ставови за златната виза. Прво велеа дека нема златна виза, па Филипче призна дека има златна виза. СДСМ упорно го брани, а Филипче ги демантира нивните напори, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека, СДСМ и Филипче се во тотален хаос, па по низа скандали со нивни членови со дрога, имаме молк, а за потеклото на златната виза, повторно молк од СДСМ и Филипче.
„Денес, повторно прашуваме, како Филипче се стекнал со златна виза? Дали преку инвестиции во Дубаи? Дали е ортак со Заев за градење на 50катница во Дубаи? Дали Филипче има добиено златна виза со инвестирање над 500 илјади долари во Дубаи?

Исто така, за добивање на златна виза треба потврда од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина.
Го прашуваме Филипче, дали има студирано медицина во Дубаи и ако има, кога? Дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?
Доколку Филипче не даде потврда за студирање во Дубаи, тогаш Филипче треба веднаш на македонската јавност да се извини, да си поднесе оставка и да одговори, како стигнал до златната виза за Дубаи и со кои пари?“. потенцираше во изјавата Манасиевски.
СДСМ и Филипче тонат секојдневно во нови скандали. СДСМ и Филипче се демаскирани и прочитани. СДСМ и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција, рече Валентин Манасиевски.
