Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Свет

Макрон во Киев: Ќе има многу поостри санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот

Во случај на триесетдневно примирје, започнуваме директни разговори меѓу Украина и Русија.…

Сподели:

Во случај на триесетдневно примирје, започнуваме директни разговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме да помогнеме, изјави Макрон за француските медиуми додека патуваше со воз за Киев.

Тој исто така предупреди дека ќе има дополнителни, „многу поостри“ санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот.

Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер утрово пристигнаа во Киев заедно со полскиот премиер Доналд Туск, за да изразат поддршка на Украина.

Реклама

Посетата е симболичен одговор на комеморацијата на 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, која вчера се одржа на Црвениот плоштад, со учество на рускиот претседател Владимир Путин и дваесетина странски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг.