Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Американецот Роберт Превост е избран за нов папа

Шеесет и девет годишниот Американец Роберт Францист Превост, е избран за 267…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеесет и девет годишниот Американец Роберт Францист Превост, е избран за 267 папа. Пред појавувањето на балконот на базиликата „Свети Петар“ новиот папа се подготви избирајќи го своето папско име Лео 14ти кое често укажува на насоката на неговото идно раководење.

„Имаме Папа!“, изјави Доминик Мамберти – кардинал протоѓакон

На плоштадот „Свети Петар“,верници од целиот свет масовно пристигнаа, за да го проследат неговото прво обраќање и благослов.

Реклама

„Да го задржиме во нашите уши слабиот глас на папата Фрањо кој го благословува Рим. Папата, кој го благослови Рим, го благослови целиот свет тоа утро на Велигден. Дозволете ми да се надоврзам на тој благослов. Бог нè сака. Бог ги сака сите. Злото нема да надвладее“, изјави Роберт Превост папата на Римокатоличката црква

На вториот ден од конклавата неколку минути по 18:00 часот по средноевропско враме, бел чад започна да се издига од оџакот над Систинската капела и заѕвонеа ѕвоната во Ватикан.

Кардиналите со двотретинско мнозинство одлучија дека Превост ќе ги води католиците ширум светот. Откако беа пребројани гласовите, гласачките ливчиња беа запалени, а на огнот беше додадена посебна хемикалија за да се создаде препознатливиот бел чад – симбол на успешно завршениот изборен процес.

69 годишниот Роберт Франсис Превост, по потекло е од Чикаго. Од 2015 година е бискуп на Чиклајо во Перу, а од ноември 2020 година е член на Конгрегацијата за бискупи. Папата Фрациск го повика да го наследи кардиналот Марк Оуле, но и го именува за претседател на Папската комисија за Латинска Америка.  Тој е познат по неговото умерено и балансирано однесување, а се препознава и по неговото солидно проценување.