Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Индија тврди дека цел биле единствено терористите

Новите пакистански напади на индиска територија дополнително ја влошија и онака експлозивната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите пакистански напади на индиска територија дополнително ја влошија и онака експлозивната ситуација меѓу двете нуклеарни сили. Како што се шири преку групите на Телеграм, синоќа се појави видео кое наводно прикажува нови воздушни напади во индиската држава Пенџаб. Засега се потврдени експлозии на две локации, но сè уште не е познат бројот на жртвите.

Само неколку часа претходно, пакистански балистички ракети го погодија аеродромот во Амритсар, потврдија индиски извори.

„Ќе се одмаздиме за секоја капка крв,“ изјави пакистанскиот премиер Шариф, обраќајќи ѝ се на нацијата по нападите од Индија. „Подготвени сме да се бориме до последната капка крв за честа и одбраната на нашата татковина и за овие жртви,“ изјави Шахбаз Шариф, премиер на Пакистан.

Реклама

Индија пак тврди дека цел биле единствено терористите кои убиле невини луѓе во Кашмир, додавајќи дека земјата создала нова историја со операцијата против Пакистан.

„Индиските сили создадоа нова историја покажувајќи ја својата храброст и посветеност. Армијата дејствуваше прецизно, будно и чувствително. Не дозволивме ниту едно цивилно население да биде засегнато,“ изјави Раџнат Сингх, министер за одбрана на Индија.

Светот со засилени повици за воздржаност и деескалација на тензиите во регионот.