Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Иднија го нападна Пакистан

Ескалираа тензиите меѓу Иднија и Пакистан, дали на повидок е војна меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ескалираа тензиите меѓу Иднија и Пакистан, дали на повидок е војна меѓу две нуклеарни сили е прашањето кое денеска си го поставува светот откако Индија започна воени напади врз девет локации во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир, тврдејќи дека цел им била „терористичка инфраструктура“ од каде биле планирани напади врз индиска територија.

Пакистан ги осуди нападите и рече дека биле погодени и цивилни места. Според „Ројтерс“ 26 лица загинале, а 46 се повредени.

Нападот е наречен „Операција синдор“, а според соопштението на индиската влада, станува збор за „насочена, одмерена и неескалирачка“ воена акција во која не биле опфатени пакистанските воени објекти.

Реклама

„Индија покажа значителна воздржаност во изборот на цели и начинот на кој беа извршени нападите“, се вели во соопштението.

Портпарол на пакистанската војска изјави за телевизијата „Џио Њуз“ дека биле погодени пет локации, вклучувајќи две џамии, и дека одговорот на Пакистан е во тек, без да даде детали.

Тензиите меѓу Индија и Пакистан достигнаа ново ниво по неодамнешниот смртоносен напад врз индиски туристи во Кашмир, за кој Индија го обвинува Пакистан.

Исламабад ги негира обвинувањата, но дипломатските односи меѓу двете нуклеарно вооружени држави нагло се влошија – граѓани се протерани, се упатуваат закани за раскинување на клучни договори, а во позадина се почесто се зборува за воен удар, кој се случил синоќа.

Научници од универзитетот Рутгерс во САД пред неколку години спроведоа анализа на можните последици од нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан, предупредувајќи дека таков конфликт би можел да има катастрофални последици не само за двете земји, туку и за целиот свет.