Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Кателин Предоју именуван за привремен премиер на Романија

Министерот за внатрешни работи, Кателин Предоју, од редовите на Либералите, е именуван…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Кателин Предоју, од редовите на Либералите, е именуван за привремен премиер на Романија, ден по оставката на социјалдемократот Марчел Чолаку, соопшти кабинетот на романскиот претседател.

Предоју е актуелен министер за внатрешни работи и привремен претседател на Либералната партија. Претходно бил министер за правда и привремен премиер во 2012 година.

Чолаку поднесе оставка по епилогот од првиот круг претседателски избори, во кои кандидатот на крајната десница, Ѓорѓе Симион, освои убедлив триумф кој му го отвара патот за целосна победа во вториот круг претседателски избори на 18 мај.

Реклама

„Со оглед на изборните резултати, коалицијата формирана со Либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет,“ изјави Чолаку по состанокот на својата партија во Букурешт.

Кандидатот на крајната десница, Симион, победи во првиот круг со 40,9% од гласовите, пред центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, кој доби 20,9% од гласовите.