Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Прилози

Шок во Германија – Конзервативецот Фридрих Мерц не ги доби потребните гласови за нов канцелар

Фридрих Мерц не успеа да стане нов канцелар на Германија. Владината коалиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фридрих Мерц не успеа да стане нов канцелар на Германија. Владината коалиција не успеа да обезбеди мнозинство од 316 гласа. Лидерот на ЦДУ/ЦСУ доби поддршка од 310 пратеници во германскиот Бундестаг, а 307 гласаа против во првиот круг.

„Број на членови 630, дадени гласови 621, неважечки гласачки ливчиња едно. 310 членови гласаа „ЗА“, 307 гласаа „ПРОТИВ“, и тројца воздржани. Пратеникот Фридрих Мерц не го доби потребното мнозинство од најмалку 316 гласови. Во согласност со член 63 (2) од Основниот закон, тој не е избран за канцелар на Германија“ вели Јулија Клокнер, претседателка на германскиот Бундестаг

Пратениците во германскиот парламент имаат следни 14 дена да изберат канцелар. Во секој случај, политичката криза во која се најде оваа земја која има најмоќен глас во Европа за прв пат во историјата, очекувано ќе се одрази врз движењата во Европската Унија. Мерц предупредува дека германската демократија е во слободен пад.

Реклама

„Сега не е време за еуфорија. Столбовите што ги земавме здраво за готово во последните години и децении се распаѓаат околу нас. Довербата во нашата демократија е на најниско ниво во повоената историја на нашата земја“ вели Фридрих Мерц, лидер на ЦДУ/ЦСУ

По неуспешниот обид на Мерц за иден канцелар, од крајнодесничарската „Алтернатива за Германија“ на чело со Алис Вајдел, почнаа веднаш со обвинувања.

„Фактот дека личности како Фридрих Мерц кој привлече внимание со кршење на сите свои предизборни ветувања, воопшто се споменува на изборите за канцелар, многу зборува за политичката состојба на нашата земја“ вели Алис Вајдел, лидер на Алтернатива за Германија

За прв пат во историјата на Германија се случува да не се избере канцелар на државата во првиот круг. На последните избори кој се случија годинава, демохристијаните освоија 208 пратенички места, а зад нив со 152 пратеници беа крајнодесната АфД. Со 30-тина пратенички места помалку беа социјалдемократите на последните избори, со што се покажаа со најслаб резултат.

Давид Крстевски