Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Костадиновски: Потребен е Закон за Уставен суд за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека е неопходно да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека е неопходно да се донесе Закон за Уставниот суд, што, според него, ќе придонесе за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните. Тој ја коментираше претстојната подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците, која ќе се одржи на 19 јуни, нагласувајќи дека општеството не треба да стравува од одлуките на Судот и оти не станува збор за напад врз ничии права.

Во однос на потребата од закон за Уставен суд, Костадиновски во гостувањето на емисија „Трилинг“ изјави дека прво треба да се смени Уставот, за, како што рече, да се постави основ за двотретински закон, или законодавецот да донесе уставен закон, исто така, со двотретинско мнозинство.

-Бенефити од Закон за Уставен суд се повеќе. Прво, може да се објективизира и конкретизира терминот истакнат правник, со тоа ќе знаеме кој сѐ може да биде уставен судија, потоа начинот на избор на уставни судии. Јас сум еден од оние кој се залага седниците на Уставен да се пренесуваат во живо, нема друга можност освен сите граѓани да видат кои им се уставни судии, рече Костадиновски.

Реклама

Претседателот на Уставен најави дека подготвителната седница за законот за јазици ќе се одржи на 19 јуни.

-На 19 јуни ќе ја организираме подготвителната седница, по неа ќе ни требаат до два месеци да се подготви нов реферат и да се сублимираат сите мислења на сите ученици. Моја проценка е дека конечната улога ќе биде донесена после изборите, рече тој.

Според него, непотребно се создаде, како што рече „толку голема фама со давање на етнички и политички димензии на постапувањето на судот“.

-Мое длабоко уверување е дека ние во овој стадиум на нашето општество немаме проблем во меѓуетничките односи, имаме проблем со злоупотреба на меѓуетничките односи во политички цели. Никој не треба да стравува од нашето постапување. Ниту едно право што секој еден граѓанин го ужива од нашиот Устав, нема да биде ускратено. Нашите правни стојалишта за кој било закон ќе го натераат законодавецот да направат подобар закон, потенцираше тој.

Костадиновски предупреди дека недонесувањето на измените на Законот за електронски комуникации може да доведе до крах на безбедносниот систем.

-Станува збор за тема која допира до прашање на национална безбедност. И тие мета податоци се важни за нашите безбедносни служби, изјави тој.

Дополни дека е во комуникација со спикерот на Парламентот, Гаши, и дека му е најавен одговор за фазата во која се наоѓа законот.

-Доколку Собранието не постапи во согласност со нашите правни стојалишта, ние немаме избор, ќе мора да интервенираме, но последиците ако настанат, ние не сносиме одговорност, додаде тој.

Во однос на Изборниот законик, Костадиновски изјави дека конечната одлука се очекува на седницата на 14 мај.

За хашките случаи, тој рече дека предметот сѐ уште не е предаден кај него како судија и дека се појавуваат дилеми во поглед на пристапот до класифицирани податоци.

На прашањето дали му тежи ореолот дека бил политички активен, Костадиновски одговори „политичка одлука е да ве номинираат, изборот е политичка одлука. Јас служев за тројца претседатели и воопшто не ми тежи ореолот, јас сум поставувал професионално. Не сум бил член на политичка партија. Сум давал стручни и експертски мислења“.