Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Тошковски: Главниот аргумент на опозицијата е неточен

Главниот аргумент на опозицијата е неточен, доказите со кои сум запознаен говорат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот аргумент на опозицијата е неточен, доказите со кои сум запознаен говорат за континуирано и незаконско постапување во многу сегменти, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за обвинувањата на опозицијата во однос на истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани.

-Командирот на полициската станица којшто првично беше суспендиран сега е дел од осомничените во рамките на постапката. Тој е осомничен за дејствие коешто го презел, каде што Јавното обвинителство цени дека е постапено спротивно на законот, а е поврзано со предметно кривичниот-правен настан ужасната трагедија што се случи, рече Тошковски.

Министерот наведе дека се надева за брзо време ќе заврши истрагата и во интерес на самата истрага не сака да открива детали, но и дека за брзо време ќе може да ги изнесат сите факти коишто се во интерес на јавноста.

Реклама

-Оваа ужасна трагедија којашто ја расплака цела држава, не е последица на земјотрес. Се надевам дека за брзо ќе заврши истрагата и ќе покаже дека е последица на еден корумпиран систем, којшто месец за месец, година за година, го нагризувал легитимитетот и легалитетот на функционирањето токму на предметниот угостителски објект, кој видовме како на крајот заврши. Доказите со коишто сум запознаен во рамки на истрагата, која што пак напоменувам, не е се уште завршена, говорат за континуирано, незаконито, коруптивно постапување, на многу сегменти во рамки на институциите, кои наместо да заштитат, наместо да проверат, наместо да утврдат фактичка состојба во насока на вистината, тие правеле се, само тоа не,нагласи Тошковски.

На прашањето дали полицијата требало да има сознанија дека во дискотеката се планира употреба на пиротехника и дали тој објект е казнет за употреба на нелегална пиротехника, Тошковски ги појасни актуелните законските одредби.

-Не сум запознаен со таков факт, дека некогаш дискотеката е казнета за употреба на нелегална пиротехника, но факт е дека законските одредби предвидуваат за да МВР издаде одобрение, согласност…, мора прво некој да го побара. Во конкретната ситуација барање не е доставено од страна на никого, ниту од страна на оние кои ги употребиле пиротехничките средства, ниту од страна на менаџерите на клубот, одговори Тошковски.

Според него, обидот на опозицијата да манипиулира со овие факти е очигледен заради тоа што, како што кажа, и тие знаат да го прочитаат законот и тие знаат да отворат член од законот, и да видат дека потребно е да има известување до МВР.

-Исто како што манипулираат во делот на тоа дека законот за јавни собири МВР било должно во рамки на угостителскиот објект да обезбеди вакви или онакви услови. Факт е дека станува збор за јавен собир, МВР е должно да го покрие јавниот собир, но во конкретната ситуација не говориме за јавен собир, туку за угостителски објект во чии рамки се организирала одредена забава, каде што МВР не може да ги преземе дејствијата на приватните агенции за обезбедување кои им се дадени согласно закон, рече тој.

Тошковски истакна и дека според анкетите на јавното мислење но и според генералниот впечаток, довербата во МВР континуирано расте.

-Довербата во МВР расте, бидејќи народот конечно гледа неселективна и непоколеблива борба против корупцијата и криминалот, без оглед дали некој доаѓа од редовиет на една или друга политичка партија е на власт на локално или на централно ниво, гледаат дека таму кадешто имаме докази, таму каде што има злоупотреби, постапуваме, и луѓето гледаат надеж и тоа е генерален став којшто го добивам секојдневно, додаде министерот.