Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

СДСМ започна постапка за утврдување на кандидати за градоначалници и советници

Синоќа се одржа седница на централниот одбор на СДСМ на која се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синоќа се одржа седница на централниот одбор на СДСМ на која се дискутираше за повеќе теми поврзани со актуелната политичко-економска ситуација во земјата, беа донесени неколку заклучоци но и одлуки за подготовките на партијата за претстојните локални избори.

Од денеска започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори, одлучил централниот одбор и го усвоил правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидатите на СДСМ.

Преку отворена, инклузивна, транспарентна и демократска внатрепартиска постапка, СДСН заедно со своето членство ќе ги избере најдобрите кандидати за локалните избори. Целта е СДСМ да биде претставена од способни и кредибилни личности, кои уживаат доверба и во својата околина, и меѓу сопартијците, но и од граѓаните кои живеат во општините, се наведува во соопштението.

Реклама

Централниот одбор го овластил претседателот на партијата, Венко Филипче, да оствари разговори со постојните коалициски партнери на СДСМ, како и со потенцијални нови коалициски сојузници за настап на локалните избори. Било оценето дека непосредно пред локалните избори, институциите под контрола на власта, координирано вршат притисок врз градоначалниците од редовите СДСМ.