Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Претседателката на ДКСК Димитровска негира коруптивни дејствија во „АДИТИВ“, имало само комуникација со семеен пријател

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, негира коруптивни дејствија во „АДИТИВ“. Во соопштението…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, негира коруптивни дејствија во „АДИТИВ“. Во соопштението до јавноста, вели дека таква соодржина немало, имало само комуникација со семеен пријател.

Во продолжението го пренесуваме интегрално нејзиното соопштение до јавноста:

„Како Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребное да се почитуваат. Останатите 6 члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена.

Реклама

Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација.

Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација. За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно.

Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никакваможност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите. Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам во целост

До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство.

Со почит,
Татјана Димитровска,
Претседател на ДКСК“

Инаку, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција осомничи нови три лица во случајот „Адитив“ за термоелектраните РЕК Битола и ТЕЦ Осломој. Обвинителите, информациите дека и други луѓе се поврзани со овој случај надвор од оние кои досега се обвинети ги добиле по вештачењето на мобилните телефони. Податоците покажале дека поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ комуницирал со претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Нивната комуникација открила дека Татјана Димитровска со него споделувала сензитивни информации кои не смеела да ги сподели.

„Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈО ГОКК“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Татјана Димитровска во период од осум месеци од мај до декември 2024 година во два наврати го известила Стојановиќ за постапки во комисијата поврзани со него. Осомничена е за „Оддавање службена тајна“ заедно со поранешна финансиска директорка во ТЕЦ Неготино.

Тоа е периодот кога МВР и Јавното обвинителство, а по објавените стории на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), веќе почнаа да истражуваат злоупотреби и сомнежи за перење на пари во кои беше инволвиран Небојша Стојановиќ и други високи функционери кои биле на позиции во Државните електрани.

„Откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈО ГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата која се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од известувањето“, соопшти Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Татјана Димитровска и поранешната финансиска директорка во ТЕЦ Неготино се второ и трето осомничени. Првоосомничен во новата истрага е извесен Борче Најдов од Неготино, вработен во семејната фирма на Небојша Стојановиќ „Хем – алијанс“. Се сомничи за перење пари, злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик.

„Во периодот од месец декември 2023 до ноември 2024 година од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања од значителен износ, средства кои правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство. Овие средства со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптек и ги подигнувал во готово“, извести Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.