Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Експерти: Реформите дома се клучни, но потребни се и јасни гаранции од ЕУ дека нема да има нови условувања

Потребни се гаранции дека во иднина патот на Македонија кон ЕУ нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребни се гаранции дека во иднина патот на Македонија кон ЕУ нема да биде попречуван од билатерални спорови, а евроинтграциите ќе се засноваат на заслуги и копенхашки критериуми – децидни се експертите. Пораките од конститутивната седница на интерпарламентарната група за следење на имплементација на обврските од Берлинскиот процес и реформската агенда се дека потребно е поголемо зајакнување на односите помеѓу земјите аспиранти и земјите членки на ЕУ.

Марко Трошановски од Институтот за демократија Социетас Цивилис порача дека реформите се клучни, но исто така очекува да се зголемува поддршката од страна на клучните играчи во ЕУ, дека по спроведување на обврските во однос на билатералните спорови, нема да има други условувања.

На денешната седница, за претседавач со парламентарната група беше избран пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. Трошановски смета дека ова е само прв чекор, откога парламентите земаа поклучна улога во овој процес. Tој смета дека што се однесува до реформите на јавната администрација, има застој – бидејќи законите не се уште усвоени. Tрошановски го истакна и застојот во реформите во  судството.

Реклама

Берлинскиот процес започна во 2014 година како платформа за зголемена соработка меѓу шесте земји од Западен Балкан и ЕУ. Тој требаше да го отвори патот за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата..