Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

„Вреди“ и официјално ќе делува како еден политички субјект

Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект.

Претседателството кое вечерва ја одржа првата средба, е првиот заеднички орган на Вреди.

Како што изјави лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, на следните средби на Вреди ќе бидат конституирани и другите органи на раководството.

Реклама

-Претседателството на Влен е првиот заеднички орган на Влен. Од сега натаму Влен најавува мораторум на јавни политички активности на партиите што го сочинуваат и од сега натаму се ќе биде под името и логото на Влен. На следните средби Влен ќе ги конституира и другите органи на раководството како штабовите, локалните и централниот изборен штаб, истакна Касами.

Тој напомена и дека парламентарната група на Влен ќе продолжи со пратениците што ќе ја поддржат.

Првата средба на претседателството на Влен се одржа во просториите на „Алтернатива“ во Скопје и на неа, покрај Касами, присуствуваа и Изет Меџити од Демократско движење, Зеќирија Ибрахими од Алтернатива и независниот пратеник од Самоопределување Беким Ќоку.

Пред средбата Меџити уште еднаш рече дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори. Интензивно течат, дополни, подготовките за локалните избори во октомври на кои Вреди, освен со партиски, ќе настапи и со независни кандидати за советници или градоначалници, граѓани кои се професионалци во својата област