Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, не беше поддржана од пратениците. Ова беше очекувано, изјави Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во време кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го нарушат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и институционално зајакнување, а не секојдневни политички турбуленции“, порача Мицевски.
