Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Тројца повредени од пожарот во Кочани отпуштени од болница во Пловдив

Тројца повредени во пожарот во Кочани, кои беа хоспитализирани на Универзитетската болница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца повредени во пожарот во Кочани, кои беа хоспитализирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата.

Пациентите, тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години, беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на изгорениците. За време на престојот во болницата, нивната состојба постепено се подобруваше, а медицинските специјалисти им обезбедуваа сета потребна нега и третман.

Во моментов, сите пациенти се во стабилна општа состојба и ја напуштаат медицинската установа со пропишани препораки за следење и рехабилитација. Тројцата пациенти и нивните роднини изразија благодарност до тимот на болницата во Варна.

Реклама

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ во Софија, а другите во болниците во Пловдив и Варна.