Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Николоски: Нема потреба од предвремени избори, Владата е стабилна

Вицепремиерот Александар Николоски во интервју истакна дека нема да има предвремени парламентарни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот Александар Николоски во интервју истакна дека нема да има предвремени парламентарни избори, бидејќи, според него, граѓаните лани јасно ја изразиле својата волја. Тој нагласи дека Владата има стабилно мнозинство во Собранието, министрите и другите именувани функционери коректно ја вршат својата работа и, поради тоа, нема причина за предвремени избори.

Николоски подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се стабилни. Во однос на внатрешните препукувања во албанскиот коалиционен блок, посочи дека тоа се внатрешни прашања кои не влијаат на функционирањето на Владата и реализацијата на проектите.

„Владата е стабилна. Ако ја гледаме само ВМРО-ДПМНЕ, ние и самостојно би можеле да формираме Влада. Дали тоа би било политички опортуно е друго прашање, но зборуваме за бројки. Заедно со ЗНАМ имаме стабилно мнозинство. Доколку на ова се додадат уште шест пратеници од ЗНАМ, тогаш стабилноста на Владата е уште појасна. Иако реалноста во Македонија е посложена, добро е што имаме и партнери од албанскиот блок. Партиите од коалицијата ВЛЕН–ВРЕДИ коректно ја вршат својата работа, министрите и именуваните лица работат одговорно и за тоа немаме забелешки. Сè додека е така, нема причина за промени во Владата,“ истакна Николоски.

Реклама

Тој нагласи дека несогласувањата помеѓу партиите од албанскиот блок се поврзани со локалните избори, а не со Владата, и тие прашања треба да си ги решаваат самите.

Вицепремиерот упати и јасна порака дека за ДУИ нема место во актуелната Влада. Според него, сите што би соработувале со ДУИ ќе се најдат во опозиција.

„Не е реално да имаме Влада со сите албански политички субјекти. Ако некој од партнерите во ВЛЕН мисли дека може да соработува со ДУИ и на тој начин да биде дел од Владата, тоа нема да се случи. Ние остануваме на ветувањето дадено на граѓаните – ДУИ ќе биде надвор од Владата во текот на целиот мандат од четири години. Доколку некој од партнерите, на пример Таравари, реши да коалицира со ДУИ, тогаш ќе оди во опозиција. Моментално нема такви најави,“ изјави Николоски.