Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Филков: Широки консултации за измени во Изборниот законик, без разговори за една изборна единица

Министерот за правда, Игор Филков, за време на денешната прес-конференција на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, Игор Филков, за време на денешната прес-конференција на која информираше за реформската агенда и подготвените предлог-закони во изминатите десет месеци, ја коментираше важноста од консултациите за измени во Изборниот законик. Тој истакна дека досега не е било предмет на разговори дали земјата да стане една изборна единица, но нагласи дека овој пат сакаат да избегнат повторување на искуствата од минатото, кога препораките на ОДИХР се враќаа по секој изборен циклус.

„Сакаме да направиме широки консултации, за да не ни се повтори ситуацијата во која едно влегува во Собрание, а конечниот резултат е различен. Овој пат ќе се стремиме да ги вклучиме сите политички чинители и да работиме заедно на решавање на овие прашања“, рече Филков.

Министерот изрази надеж дека во наредните две недели политичките чинители ќе имаат волја да седнат на маса и да ги разгледаат предложените измени, нагласувајќи дека има време за ова, доколку сите партии покажат политичка волја.

Реклама

Тој додаде дека работната група ќе биде оптимизирана, при што ќе се водат од препораките на ОДИХР, кои ги смета за најбитни. Во однос на тоа дали ќе се интервенира во Изборниот законик по одлуката на Уставен суд за уставноста на одредбата за кандидатурата на независни советници и градоначалници, Филков изјави дека ќе се чека одлуката на Уставен суд.

Исто така, Филков беше прашан за неговиот став по средбата на работната група за реформи во правосудството, на која претходно бараше од Социјалдемократите да предложат нови членови за местата што ги заземаа Ана Чупеска и Ана Михајлова Стратилати. Министерот оцени дека средбата поминала во работна атмосфера, додека за тоа што претседателот на СДСМ не ги повлекол предложените кандидати, рече дека тоа говори за нивните капацитети.