Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Скандал во Прва МФЛ: ФК Гостивар свесно го напушти натпреварот против Работнички откако резултатот не им одеше во корист

На денешниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига помеѓу ФК Гостивар и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига помеѓу ФК Гостивар и ФК Работнички, беше забележан еден од најсрамните моменти во домашниот фудбал. Екипата на ФК Гостивар организирано го напушти теренот, откако резултатот не се развиваше во нивна корист.

Наместо да се борат до последниот свиреж, фудбалерите на Гостивар избраа да го напуштат натпреварот, притоа обидувајќи се вината за својата некоректна постапка да ја префрлат врз судиите.

Документацијата е јасна: според официјалниот записник од натпреварот, претставник на ФК Гостивар уште предвреме ги известил судиите дека клубот ќе се повлече доколку резултатот не им оди во прилог.

Реклама

Со овој чин, ФК Гостивар грубо ги прекрши основните принципи на фер-плејот и нанесе тежок удар врз угледот на македонскиот фудбал. Институциите сега се очекува да реагираат соодветно и да испратат јасна порака дека вакви постапки нема да бидат толерирани.